Centar.mk
СВЕТ

Се тресе земјата во Грција: неколку земјотреси регистрирани во текот на ноќта

Неколку земјотреси, од кои најсилниот со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се регистрирани во близина на островот Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Нема извештаи за материјална штета или жртви.

ЕМСЦ наведува дека првиот земјотрес со јачина од 2,8 степени се случил во 4 часот и 45 минути по локално време.

По него околу 6 часот и 22 минути следеше нов од 4,2 степени по Рихтеровата скала.

Набргу потоа, околу 6:29 часот по локално време, е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТУРЦИЈА БАРА ПОСИЛНА ГЛОБАЛНА КЛИМАТСКА АКЦИЈА – Ердоган испрати порака од самитот COP31

ДЕСК

БРИСЕЛ БАРА МЕСТО НА ПРЕГОВАРАЧКАТА МАСА – Европа не сака договор за Украина без нејзино учество

ДЕСК

ТРАМП НЕ ИСКЛУЧУВА ВОЕНА АКЦИЈА ПРОТИВ ИРАН – Вашингтон испраќа ново предупредување

ДЕСК