Европските лидери ја нагласуваат потребата Европската Унија директно да учествува во мировниот процес за Украина, во време кога продолжуваат дипломатските контакти меѓу Вашингтон, Москва и Киев. На разговорите во Даблин, европските претставници предупредија дека безбедноста на континентот не може да се разгледува без европско учество.
Шефицата на европската дипломатија Каја Калас посочи дека прекинот на огнот треба да има предност пред евентуалните пошироки договори. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пак, ја нагласи потребата Европската Унија да ги заштити своите интереси и да продолжи со поддршката за Украина.
Покрај дипломатското учество, на маса се и прашањата за идното финансирање на Украина, безбедносните гаранции и новите санкции против Русија. Европските институции подготвуваат дополнителни предлози за продолжување на економскиот и политичкиот притисок.


