Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Силјановска и министрите сами ги објавија сликите со бугарските знамиња

-После свадба тапани, се реакциите на кабинетот на Силјановска и најавите кои ги слушаме од МНР и Тимчо Муцунски. За понижувањето на државата и големиот срам кој го приредија Силјановска и министрите на Мицкоски во Бугарија се криви самите тие, а сега се обидуваат да ја поправат штетата со што уште повеќе се заплеткуваат во скандалот, соопшти СДСМ.

„Силјановска свесно прифатила, се сликала а потоа и самата објавила средба без ниту едно државно обележје, без македонско знаме. Истото го направиле и министрите во Владата на Мицкоски.

Овој скандал ќе поминеше незабележан доколку јавноста бурно не реагираше на него и затоа обидите да се покаже некава сила после овој дипломатски дебакл е само јалов обид да се оправда дилетантизмот и наивноста на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска.

Овој скандал потврдува дека Владата и институците предводени од Мицкоски и Силјановска, немаат никаков капацитет за меѓународна политика уште помалку да обебзедат подобри услови на земјата во меѓународни рамки.

Зар Силјановска е таа што ќе обезбеди промена на преговарачката рамка или нови услови во однсите со ЕУ?

Муцунски ли е тој што треба да се бори за македонските позиции во меѓународни рамки а не успеал една средба во Софија достоинствено да ја организира?

ВМРО-ДПМНЕ нема знаење, нема капацитет и нема одговорност да ја води државата на меѓународно ниво и со нив напредок ќе нема на ниту едно поле.“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Ако вечерва се наоѓате на патиштата во Македонија, внимавајте на овие критични сообраќајни правци поради одрони, излевање на реки, снег…

ДЕСК

(ФОТО, ВИДЕО) Тешка ноќ за преспани – Се излеа Голема Река кај Ресен, поплави и во неколку села

ДЕСК

Почнаа врнежите на снег вечерва во делови од Македонија

ДЕСК