22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Џевдет Хајредини влегува во Советот за безбедност и неколкумина други, реши претседателката на нашата држава

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, согласно своите уставни надлежности, за членови на Советот за безбедност ги именуваше Малинка Ристевска Јорданова – експерт за евроинтеграции, Џевдет Хајредини – поранешен министер за финансии и Владимир Спиридонов – експерт за климатски промени.

Со именувањето на тројцата членови од страна на претседателката Сиљановска Давкова, Советот за безбедност на Република Северна Македонија е во полн состав:

Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Членови на Советот за безбедност се:

· Африм Гаши, претседател на Собранието,
· Христијан Мицкоски, претседател на Владата,
· Панче Тошковски, министер за внатрешни работи,
· Владо Мисајловски, министер за одбрана,
· Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија,
· Џевдет Хајредини,
· Малинка Ристевска Јорданова, и
· Владимир Спиридонов.