Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно време со силен ветер во југозападните делови

Времето денес ќе биде посвежо, преку денот променливо облачно со локални врнежи од дожд особено во западните и северните делови.

Ќе дува умерен ветер од западен до југозападен правец кој претежно во југозападните делови од земјата ќе е силен (над 70 км/час).

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб краткотарен дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Температурите во следниот период ќе се задржат пониски, а кон средината на неделата наместа се очекуваат и пообилни врнежи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК