Centar.mk
СВЕТ

Европа на удар од циклонот Борис – илјадници луѓе без струја, почна евакуација

Европа е на удар од циклонот Борис.

Во Австрија граѓаните се подготвуваат со вреќи со песок, во Чешка се испразнети резервоарите за вода, а во Полска се очекуваат поплави, додека метеоролозите предупредуваа со денови на потенцијално катастрофални врнежи.

Чешкиот „Блеск“ пишува дека пожарникарите во Брно преку поплавениот мост евакуирале 125 луѓе, од кои повеќето студенти. Во Прага ќе биде забрането движењето на бродови на Влтава и продолжува изградбата на бариери.

„Обилниот дожд резултираше со голем број откорнати дрвја кои паднаа на патиштата. Пожарникарите во Злинско имале 40 интервенции“, пренесува Блеск, наведувајќи дека интервенции имало и поради прокиснување на покривите, а испумпувале и вода од куќите.

„Кронен цајтунг“ пишува дека поради силниот дожд дури и жителите на Хадерсдорф во Долна Австрија во петокот морале да ги напуштат своите домови, пренесува Телеграф./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.