Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи и силен ветер (над 70 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. Во сабота ќе дува засилен ветер од западен-југозападен правец, а од недела температурите ќе бидат во позначително опаѓање./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

35% од населението е со прекумерна тежина, Алиу кажа дека оваа недела центар за дебелина е отворен и во Охрид

C +

Меџити: 13 наставници добија трајни решенија

C +

ВО АПРИЛ СЛЕДУВА ГОЛЕМ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ОД 4 ДЕНА: Ова се сите неработни денови до крајот на 2026!

ДЕСК