Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Претседателот на Литванија и премиерот на Латвија пристигнаа во Киев: „Ќе бидеме со украинскиот народ до победа“

Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, и латвискaта премиерка, Евика Силина, утринава пристигнаа во Киев.

„Само што пристигнав во Киев. Убаво е да се вратам и да го видам мојот драг пријател, претседателот, Володимир Зеленски, во солидарност со Украина. Воената и економската поддршка на Украина е од клучна важност за заштита на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет“, напиша Наузеда на „ Икс”.

Премиерката на Летонија на мрежата „Икс“ објави видео од нејзиното пристигнување на железничката станица во Киев и најави дека нејзината земја ќе биде со украинскиот народ до неговата победа и на патот на интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Како што јавија светските медиуми, американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, и британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Леми, денеска ќе ја посетат Украина, каде што треба да се сретнат со Зеленски и други официјални лица./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Руте по нападот со беспилотно летало во Романија: НАТО е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија

C +

Светските залихи на нафта се топат, недостатокот и понатамошното зголемување на цените стануваат сè поверојатни

C +

Мајка и дете претрпеа изгореници додека бегаа од зградата во која удри руски дрон

C +