Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Владата обезбедува по 11 илјади денари К15 за над 84 илјади вработени во администрација

-Иако претходната Влада не предвидела средства за исплата на К15 во основниот буџет, со новиот ребаланс Владата обезбедува 1 милијарда денари за исплата на К15 за вработените во администрацијата. Со оваа одлука над 84 илјади вработени во државната администрација ќе добијат по 11 илјади денари К15. Исплатата ќе биде најдоцна до декември оваа година, соопшти Владата.

-Со тоа ќе се реализира уште една значајна поддршка за вработените. Со овој пакет К15 ќе бидат опфатени и вработените наставници во училиштата. На овој начин Владата покажува конкретна грижа за секој еден вработен во исполнување на нивните права, се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Значителна промена на времето, подгответе се за дожд, а деновиве и снег

ДЕСК

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК