16.8 C
Скопје
16. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ДПМНЕ шири лаги за Филипче за да ги прикрие фамилијарните бизниси на Мицкоски во Бугарија и Македонија

Од СДСМ на прес-конференција изнесоа информации за бизниси на лица блиски до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Бугарија и Македонија.

„Во Петрич, Бугарија, на улица Антон Попов брј 57 е регистрирана фирмата ДАНО ТРАНС ЕООД, на баџанакот на Мицкоски – Јорданчо Јанев, од Струмица. Јанев кој важи за еден од најблиските соработници на Мицкоски, меѓу другото и фамилијарно поврзан, вртел пари преку оваа фирма. До 3 милиони бугарски лева биле свртени од оваа фирма во Бугарија, во 2018 година односно околу 1,5 милиони евра“ рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа додаде дека во бизнисот не е само баџанакот на Мицкоски, туку на истата адреса, Антон Попов бр 57 во Петрич има уште една фирма, Инфинити транспорт група.

„Раководител и сопственик е Дончо Карастоев, прв братучед на баџанакот на Мицкоски. Го прашуваме денеска Христијан Мицкоски. Има ли фирми со исти или слични имиња и во Македонија? Дали овие фирми и овие лица се финансиери на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ?“ запраша Кузеска.

Таа исто така праша и колку милиони свртеле овие филми и каде завршиле тие пари – дали кај членови на семејството на Мицкоски или во ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку Мицкоски не одговори, СДСМ ќе ги објави сите информации за тоа кој навистина врти милиони“ рече Кузеска.