Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Судењето за убиството на Вања и Панче одложено за 20 септември

Основниот кривичен суд ги одобри во целост обвиненијата за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски и на барање на Обвинителството денеска донесе одлука да ги спои во една постапка.

Покрај Љупчо Палевски, обвинети се и Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

Основното јавно обвинителство Скопје најпрвин поднесе обвинение против четири лица, а потоа и против првоосомничениот Љупчо Палевски за кого се чекаше екстрадиција од Турција.

На денешното рочиште не беше присутен обвинетиот Палевски поради тоа што, како што информира судијата Ивица Стефановски, судечкиот совет не бил во можност да го обезбеди присуството на Палевски поради фактот што обвинението било оценето непосредно пред денешната расправа и не се исполнети законските услови да биде повикан.

Новото рочиште е закажано за 20 септември./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК