Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пожарот во прилепско Мариово вчера ескалираше, на терен денеска се повеќе од 195 професионалци

Пожарот којшто пред неколку дена изби на територијата на прилепско Мариово, во текот на вчерашниот ден ескалираше. Во одреден момент линијата на огнот беше подолга од 20 километри. Од тие причини вчера заседаваше Кризниот штаб на општина Прилеп, извести директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Како што информираше Ангелов биле договорени повеќе мерки и активности за денеска.

Рано наутро на местото на пожарот пристигнале 25 полициски тигри, 70 припадници на Армијата, 40 вработени во Национални шуми и повеќе од 60 пожарникари, кажа Ангелов.

Повеќе од 195 професионалци се во реонот на селата.

Поради намалената видливост, густиот чад, употребата на хеликоптер не е возможна. Ниту ер-тракторот на ДСЗ не би можел да дејствува ако не се подобрат условите, додаде Ангелов.

На територијата на државата во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 27 пожари, од кои 4 се активни, два се под контрола, а 21 се целосно изгаснати.

Покрај пожарот во Мариово и околината активен е пожарот и во општина Чашка, на планината Мукос. Активен пожар има и во општината Чучер Сандево и на територијата на општина Долнени, извести ЦУК./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +