Centar.mk
РЕГИОН

Почина Бора Чорба: легендарниот пејач ја загуби битката со тешкото воспаление на белите дробови

На 72-годишна возраст почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата „Рибља чорба“.

Неодамна беше примен во болница во Љубљана со тешка пневмонија. Се лекувал со антибиотици и кислород, а по неколку дена поради влошената состојба бил ставен на респиратор.

Инаку, тој долго време се бореше со тешка болест. Музичарот пред Нова година имал пневмонија, поради што го откажал концертот во Ниш.

„Докторот експресно ми забрани да вложам секакви напори бидејќи боледувам од тешко воспаление на белите дробови, па настапот би ми ја влошил здравствената состојба. Ќе ја победиме болеста и ќе се видиме во првата прилика“, им порача тогаш Бора на организаторите.

За жал, сега не успеа да ја добие битката./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија

C +

Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови

C +

Поплави во Херцеговина: куќи под вода, нивото на реките продолжува да се зголемува

C +