Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

Јовановиќ од виенски економски институт: Македонија ризикува санкции ако се намали данокот за богатите компани на 5%

Бранимир Јовановиќ, познат економски аналитичар, изрази сериозна загриженост за можните меѓународни последици од најавеното намалување на данокот на добивка за големите компании. Според него, ако Македонија ја намали стапката на данок на добивка на 5%, земјата ризикува да се најде на црната листа на ОЕЦД и Европската унија како несоработлива земја на даночни прашања.

„Ако Владата остане на својата намера, Македонија може да биде прогласена за офшор даночна дестинација, што би имало катастрофални последици за репутацијата на земјата. Ова е сценарио кое сериозно може да го наруши имиџот на Македонија на меѓународната сцена,“ предупредува Јовановиќ.

Тој додава дека со ваквата политика, Македонија не само што нема да привлече нови инвестиции, туку и ќе се соочи со потенцијални санкции од меѓународната заедница. „Владата мора да разбере дека ваквиот потег е неодржлив и дека може да има далекусежни негативни ефекти за земјата,“ заклучува Јовановиќ.

Можеби ќе ве интересира

Потврда за квалитет и доверба: „Реплек“ по петти пат сертифициран со EU GMP сертификатот

ДЕСК

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо

ДЕСК

АЕК објави: Оне Македонија победник на националниот тендер за 5G спектар

ДЕСК