Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

МВР: 60 санкционирани возачи на мотоцикли во Скопје за еден ден, ja зголемуваме безбедноста во градот

Во текот на вчерашниот ден (29.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, соопшти МВР.

-Во акцијата беа контролирани повеќе од 90 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 60 возачи. Од нив, 28 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 10 возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, пет мотоцикли не биле регистрирани, едно патничко возило било задржано поради сомнение за техничка неисправност и предизвикување голема бучава…

Акциските контроли во рамките на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +