16.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Николоски ги нарече „маргиналци што ловат поени“ членовите на новата влада на Бугарија

Министерот за транспорт, Александар Николоски, ги нарече „политички маргиналци“ членовите на новата техничка влада на Бугарија негирајќи им секаков легитимитет – за да седне нашата влада со нив и да преговара.

Иако нема гаранција дека Бугарија во октомври, кога се закажани следните избори, ќе успее да формира политичка влада и иако членовите на техничката влада имаат најголем можен легитимитет во моментов – зошто зад нивниот избор потпис стави претседателот Румен Радев кој е сега најмоќна фигура во Бугарија, на Николоски не му пречеше да ги нарече „ловци на политички поени кои немаат поддршка од никого во Бугарија“.

Запрашан конкретно да ја коментира вчерашната порака од бугарското МНР дека владата во Софија, иако привремена, има легитимитет, но нема намера да преговара за прашање за веќе преземени обврски од Македонија, Николоски одговори недипломатски и со омаловажувања:

„Ова не е политика на Бугарија од вчера туку е политика што се спроведува во континуитет од 2020 година. Секогаш кога во Бугарија ќе дојдат избори главна тема им е Македонија. Сега не сум ни сигурен кога им се изборите, толку се нефункционални што ни избори не можат да закажат. Ова им е седма или осма техничка влада и веќе не можат да најдат луѓе за неа. Така што, нека си ги средат прво работите дома, нека изберат техничка влада и ќе седнеме да разговараме со неа. Немам намера сега да одговарам на луѓе кои ловат политички поени и се политички маргиналци во моментов, бидејќи се преставници кои немаат легитимитет од никого“, рече Николоски.

Од ова што го кажа Николоски испаѓа дека чекаат да дојде на власт Бојко Борисов за да ја репреговараат Преговарачката рамка, иако Македонија е таа која губи време и пропушта шанси, а Бугарија само добива дополнителен простор за зацврстување на својата позиција. (Н.В.)

извор Независен Весник