Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Фатени за кражба на огревно дрво – пресретнат камион полн со дрва

Во заедничка акција на Шумска полиција од Кичево со граничната полиција во атарот на село Колари пресретнат е камион со огревно дрво од државни шуми без документи за превоз.

За сторителите поднесени се соодветни пријави до институциите, камионот со кој е превезувано дрвото е одземен и складиран во Полициската станица во Зајас.

Продолжуваме со зголемени акции во соработка со МВР, Шумската полиција и Национални шуми.

Максимално ќе се вложиме за стопирање на криминалот и трговијата со нелегално дрво и во борбата против нелегалната сеча на дрвата, велат од МЗ.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК