Centar.mk
РЕГИОН

Се урна хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина, членовите на екипажот се спасени

Хеликоптер на вооружените сили на Босна и Херцеговина (БиХ) се урна во областа на езерото Јабланица, на југот , потврди Министерството за внатрешни работи на Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) за радио Слободна Европа (РСЕ).

„Во хеликоптерот имало четворица членови на екипажот. Според првичните информации, тројца од нив не се повредени, а еден побарал медицинска помош“, изјави Људевит Мариќ, портпарол на МВР .

Причината се уште не е позната, изјави истиот извор.

Се додава дека повеќе информации ќе се знаат кога ќе заврши истрагата.

Соединетите Американски Држави и донираа четири нови хеликоптери Bell на Босна и Херцеговина во 2021 година во вредност од околу 35 милиони евра.

Едниот се превртел и бил оштетен во април 2022 година за време на обуката за летање.

Вооружените сили на Босна и Херцеговина „на хартија“ располагаат со повеќе од 40 хеликоптери.

Меѓу нив се и 35 хеликоптери Ми-8 кои се произведени пред повеќе од 40 години во поранешниот Советски Сојуз и сите, како што е најавено, ќе бидат отпишани поради неможност за сервисирање, застареност, исцрпување на ресурсите и неколку утврдени дефекти на основни склопови кои ги прават неисплатливи за ремонт ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е наскоро да поднесам оставка

C +

23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци во Белград

C +

Драматични сцени по протестот во Белград: Апсења, судири и полициска реакција во центарот

ДЕСК