Centar.mk
ЛОКАЛНО

Костадинов: Струмица е прв град на Балканот со целосно електричен јавен превоз

Струмица е прв град на Балканот со целосно електричен јавен превоз. Градоначалникот Костадин Костадинов рече дека општината набавила 10 електрични автобуси во вредност од 7 милиони евра по пат на лизинг.

Автобусите моментно се во фаза на процедурата за царинење, регистрација и осигурување и се очекува од 1 до 6 септември да бидат доставени во Струмица, а од 11 септември да бидат ставени во тест возење во траење од најмалку еден месец, период кога ќе има бесплатен јавен превоз за граѓаните, со цел да се отстранат евентуалните недостатоци.

„Испишуваме историја како граѓани на Струмица од причина што нашата општина досега немаше јавен превоз, а во исто време не може да се занемари фактот што Струмица е еден од градовите кој се соочува со енормна загаденост на воздухот. Кога се соочуваме со такви предизвици неопходно е да правиме револуционерни и радикални иницијативи и проекти како што е електрифицираниот јавен превоз со што стануваме првиот град на Балканот со имплементиран целосно електрифициран јавен превоз“, изјави Костадинов./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица

ДЕСК

НОВИ РАБОТИ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО ЛИСИЧЕ – Најавен прекин поради поврзување на стар и нов цевковод

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА БИТОЛА – Во недела се менува режимот на сообраќај

ДЕСК