Centar.mk
БИЗНИСвест

Именуван е новиот Управен одбор на АД ЕСМ

Надзорниот одбор на АД ЕСМ, по препорака на Владата го назначи новиот Управен одбор на компанијата.

За претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ, именуван е Лaзо Узунчев, дипломиран машински инженер со претходно долгогодишно работно искуство на менаџерски позиции во приватниот сектор.

Во состав на Управниот одбор на друштвото во државна сопственост, покрај Узунчев, именувани се и останатите членови: Реџеп Асани заменик-генерален директор, како и членовите Ѓорѓи Ѓорѓиевски директор за правни и општи работи, Зоран Коњановски директор на производство, Виктор Јовановски директор за комерцијални работи, Иван Стојановски директор за финансиски работи и Владимир Пејоски директор на развој и инвестиции.

Со изборот на новите членови на Управниот одбор, приоритет е енергетска стабилност на државата преку ефикасно управување, финансиска консолидација и зајакнување на капацитетите на компанијата на сите нивоа. Понатаму, меѓу целите на новото раководство се оптимизација на трошоците, реализација на развојни проекти со цел АД ЕСМ да стане компетитивна компанија која ќе ги задоволи потребите од електрична енергија за крајните потрошувачи, притоа професионално прилагодувајќи се на условите на пазарот и строгите барања за чиста животна средина.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК