Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Владината коалиција функционира беспрекорно кога треба да се скријат аферите

Соопштение за јавност на СДСМ, реакција на изјавата на Христијан Мицкоски

Премиерот Христија Мицкоски во неверојатна изјава за медиумите рече дека владината коалиција функционирала беспрекорно. Тој со тоа потврдува дека сите заеднички афери на коалициските партнери ДПМНЕ и Вреди не придонесуваат да се нарушат односите и тој ќе ги штити оние кои го кршат законот.

Толку беше од неговите гласни ветувања за политичка одговорност, сега беспрекорно ќе се штитат меѓусебно во кршењетона законите, своеволието и криењето на скандалите.

Мицкоски наместо да биде коректор на лошите политики и однесување на функционерите во неговата коалиција, тој се постави како заштитник и промотор на ваквите политичари. Со оваа изјава, можеме да бидеме сигурни дека одговорност кај ниеден функционер нема да има, ниту кај оние од ВМРО-ДПМНЕ ниту кај коалициските партнери.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ЛЕДЕН ДЕКЕМВРИ – Температурите ќе паднат до -16 степени, се очекуваат магла и дневен мраз

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО ЛИЦАТА ШТО ГО СИМНАЛЕ МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ – Политички реакции по настанот во Гостивар

ДЕСК

ВОЗАЧИТЕ ДА БИДАТ ВНИМАТЕЛНИ – Кашест снег и влажни коловози на патиштата низ Македонија

ДЕСК