11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Кривична пријава за „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против В.Р. – инспектор за прекуграничен криминал и миграции Струга во Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Регионалниот центар за гранични работи Запад, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик.

На 11.06.2024, вработени во ЕВН Струга констатирале дека пријавениот В.Р. врши неовластено преземање на електрична енергија на трифази во неговата куќа во с.Делгошти, струшко. Пријавениот, кражбата на електрична енергија ја вршел од бандера на ЕВН преку електрично броило поставено во куќата на неговиот починат татко, од каде бил пуштен кабел за електрична енергија до неговата куќа.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против В.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +