-Владата на ВМРО-ДПМНЕ сама себе се демантира за секој обид за манипулација и спин во однос на скандалот со бегството на Блерим Рамадани. Последната комедија на оваа тема се вчерашните изјави на Александар Пандов и вицепремиерот Изет Меџити кои јасно посочија дека вината за бегството и информациите како избегал Рамадани треба да се бара во МВР. Има ли пилот во авионот на Владата? Додека Мицкоски се мачи да ја излаже јавноста дека вината е кај судот, неговиот верен поддржувач Пандов вели дека е во МВР. Кој кога залажува овде? – прашуваат од СДСМ.
-Мицкоски по повеќе скандали се уште го штити Тошковски кој демонстрира страшна неспособност и мора да си поднесе оставка. МВР е претворено во институција која нема контрола над затворениците, над мирот и безбедноста. Ако на тоа се додаде неспособноста на Панче Тошковски да управува со кризата со пожарите, тој не заслужува да биде во Владата, се вели во соопштението на СДСМ.
ПОВЕЌЕ ОД ИНТЕРНЕТОТ...