Centar.mk
СВЕТ

15-годишно момче загина од удар на гром во Германија

15-годишно момче загина од удар на гром во градот Велхајм во сојузната покраина Баден-Виртемберг.

Германската полиција соопшти дека 15-годишникот и уште едно младо лице за време на синоќешното невреме стоеле на ридот под дрво, пишува Шпигел. Уште едно лице е пренесено во болница со тешки телесни повреди.

Вчера силно невреме погоди делови од Германија, вклучувајќи го и Баден-Виртемберг.

Полицијата се уште не утврдила зошто двете млади лица биле на отворено, далеку од кој било град, за време на невремето. Во близина има само писта за авиони, но не е јасно дали биле на неа пред ударот на гром./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИТИЧКИ СКАНДАЛ ВО ФРАНЦИЈА – Истрага за можно оддавање доверливи информации на партијата на Марин Ле Пен

ДЕСК

УДАР ВРЗ СВЕТСКИОТ ТРАНСПОРТ НА НАФТА – Сè помалку бродови минуваат низ Ормускиот Теснец

ДЕСК

НАТО ГО ИСПРАЌА РУТЕ ВО ПОЛСКА – Варшава бара дополнителна одбрана по навлегувањето на руски ракети и дрон

ДЕСК