22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Украина продолжува да ја напаѓа Русија со дронови и ракети, прогласена воздушна тревога

Вороњешката и Курската област во Русија синоќа беа нападнати со беспилотни летала и проектили, а утринава имало напад и на Нижни Новгородска област, пренесува „Украинска правда“.

Руските Телеграмски канали јавија дека за време на нападот со дрон избувнал пожар во градот Воронеж, а локалните жители велат дека цел на нападот бил воениот аеродром на периферијата на градот. Локалните медиуми објавија и за експлозии во градот Борисоглебск.

Има извештаи за украински ракетен напад и активност на руската воздушна одбрана во областа Курск. Телеграмските канали објавија видео на кое се гледа пожарот од далечина, додека други видеа снимија звуци од експлозии.

Гувернерот на Курската област Алексеј Смирнов објави дека противвоздушната одбрана соборила четири проектили. Покрај нападите на овие две области, прогласена е и воздушна тревога во областа Липецк, а локалниот гувернер Игор Артамонов нагласи дека нивото на опасност е црвено, односно највисоко ниво./Извор:Makfax