Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сончево и многу топло време, за викендот дожд, силен ветер и град

Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен и дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 41 степен. UV=8

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 41 степен.

До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност и со максимална температура наместа и над 40°C поради што ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС и ДУИ го расчистија теренот за сватот на Али Ахмети да му ги чува и препродава акциите на Давор Мацура

ДЕСК

Серафимовска-Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура – шефот и банкарот на ОКГ

ДЕСК

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

ДЕСК