Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почувствуван земјотрес во Пехчево и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани во нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово, 12.8.2024 година, регистрира земјотрес, чиј епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Делчево – Берово, 124 km југоисточно од Скопје.

Земјотресот се случи во 4.48 часот со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

Според досегашните податоци, со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК