Centar.mk
вестЛОКАЛНО

МИНАТАТА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ СЕ 103 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 05.08. до 11.08.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 103 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, истакна дека со силна динамика се уредува новиот мега парк во Карпош на местото на децениската огромна дива депонија.

ДЕСК

ДВЕ СКОПСКИ НАСЕЛЕНИ МЕСТА СО ПРЕКИНИ НА ВОДАТА – Водовод со известувања за Шишово и Горна Матка

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Заедништвото почнува во училницата – признанија за професорите што го градат

ДЕСК