23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

(Видео) Украинска ноќна акција во Црното Море

Киевските сили извршија смел ноќен напад во окупираната област Херсон. Украинската одбранбена разузнавачка служба (ДИУ) објави дека нападот на Тендривска Коса (Тендра Спит), тенок појас земја во Црното Море, го извршиле специјални сили.

„Извидниците ги уништија опремата, персоналот и тврдините на окупаторите“, објави ДИУ на „Телеграм“. Украина ги ослободи градот Херсон и западниот брег на реката Днепар кон крајот на 2022 година. Оттогаш украинските сили вршат редовни напади преку реката.

Антон Герашченко, поранешен советник на министерот за внатрешни работи на Украина, ја опиша Тендривска Коса како „тесен остров долг околу 65 километри и широк до 1,8 километар“, иако тој, всушност, е копно, а не остров.

„Се наоѓа во северниот дел на Црното Море, во близина на украинскиот Крим“, напиша тој.

„Вечерва, десантната група на силите за специјални операции пристигна на Тендривска Коса и уништи непријателски оклопни возила, вклучувајќи МТ-ЛБ, непријателски систем за електронско војување и руски утврдувања“, соопшти Украинската одбранбена разузнавачка служба.

„За време на битката, руските напаѓачи претрпеа загуби меѓу својот персонал, но точниот број се утврдува“, додаваат тие./Извор:Makfax