Centar.mk
фото Центар.мк
БИЗНИС

Трошоците на живот зголемени 3 отсто во однос на лани, а цените на мало 3,9 проценти

Индексот на трошоците на живот во јули 2024 година во однос на истиот месец лани бележи зголемување од 3 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3,9 отсто.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на живот во јули 2024 година во однос на минатиот месец изнесува 0,7 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година во однос на јуни 2024 година е резултат на зголемувањето на трошоците на живот во следните групи: ресторани и хотели 5,8, транспорт 4,9 отсто, рекреација и култура 1,2 отсто, здравје, разновидни стоки и услуги 0,6 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива 0,3 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици 0,1 проценти.

Во јули 2024 година во однос на јуни 2024 година намалување на трошоците на живот е забележано во следните групи: облека и обувки 0,5 %, храна и безалкохолни пијалаци 0,2 %, комуникации 0,1 %.

Трошоците на живот во групите: мебел, поќукнина и одржување на домаќинствата и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Индексот на цените на мало во јули 2024 година во однос на јуни 2024 година изнесува 101,5./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Цените на нафтата скокнаа над 120 долари: „Брент“ на највисоко ниво од 2022 година

C +

Независна научна студија за влијанието на ЕВН Македонија врз социо-економскиот и енергетски развој во изминатите 20 години  

C +

Силниот раст на продажбата позитивно влијаеше врз профитабилноста 

C +