Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Изминатото деноноќие 23 пожари на отворено, три сѐ уште активни

Вкупно 23 пожари на отворен простор се евидентирани изминатото деноноќие. Од нив, три сѐ уште се активни, шест се под контрола, 14 се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Првиот од трите сѐ уште активни пожари, е во општина Македонски Брод – во пределот кај селата Тажево и Брезница – крак кон ЈП „Јасен“. Вториот активен пожар е на територија на две општини – Демир Хисар и Охрид, на Илинска Планина, кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани. Третиот е на територија на општините Богданци и Дојран, кај селото Фурка.

Шесте пожари на отворен простор што се под контрола, се во општините Пробиштип – кај селата Зелениград и Јамиште, Македонски Брод – кај село Слатина, Охрид – едниот на територија на планината Галичица, а другиот кај Косел – Расино – Опеница – Вапила, Пласница – изгаснат кај селото со ова име, активен кај Латово и во Делчево – на депонија.

На единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 изминатите 24 часа имало вкупно 2.563 повици./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски најави две нови странски инвестиции во вкупна вредност од 80 милиони евра

ДЕСК

Тешко повреден битолчанец додека извршувал работни задачи, итно е пренесен во болница

ДЕСК

Мицкоски: Поддржуваме раст на домашните компании, „Алкалоид“ е одлична приказна

ДЕСК