Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

25 нови случаи на голема кашлица за една недела, тројца од нив хоспитализирани

Во периодот од 26 јули до 1 август 2024 година пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, идентично со претходниот седмодневен период (n=25), извести Институтот за јавно здравје.

Во однос на географската дистрибуција, повеќето од случаите се пријавени во епидемијата во Скопје (n=13; 52,0%), а пријавени се и 10 случаи од Куманово и по еден случај од Битола и Тетово.

Возраста на заболените се движи од 2 месеца до 50 години, а најголем број случаи се од возрасната група од 0 до 4 години (n=10; 40,0 %).

Во однос на вакциналниот статус на заболените, 17 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 5 се комплетно вакцинирани и три се вакцинирани во согласност со возраста.

Од новите случаи, 3 (12,0 %) се хоспитализирани.

Заклучно со 1.8.2024 во РСМ се регистрирани вкупно 981 случај на голема кашлица, со инциденца од 53,4/100 000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период (2019-2023 година) кога се регистрирани вкупно 10 случаи, се наведува во извештајот на ИЈЗ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +