Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Посета на заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени на Граничниот премин Блаце

Денеска (30.07.2024) заменик министерот за внатрешни работи оствари посета на Граничниот премин Блаце, при што одблиску се запозна со работата и посветеноста на полициските службеници на еден од граничните премини каде движењето на луѓе и стока се одвива со доста голем интензитет.

Согласно изготвениот план од РЦ за ГР Север и врз основа на Договор за полициска соработка како и Протоколот меѓу Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Косово за изведување на мешани патроли долж заедничката државна граница, заменик министерот имаше прилика да се сретне со една од тие патроли со кои разговараше за нивната секојдневна работа и предизвиците со кои се соочуваат. На истите им посака успешна работа како и продлабочување на соработката во иднина.

Можеби ќе ве интересира

САВЕСКИ СО ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ – Пријавувајте корупција, долгите постапки не смеат да ве обесхрабрат

ДЕСК

НОВАТА ШЕФИЦА НА ОЈО ГОКК НАЈАВИ ПРОМЕНИ – Потребни се подобрувања во одделението што гони полициски службеници

ДЕСК

Координиран одговор против организираниот криминал: Оперативните искуства од истрагите на Царина и останатите органи за спроведување на законот основа за SOCTA 2027

ДЕСК