Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

ЗАПЛЕНЕТИ 30 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН БОГОРОДИЦА

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување во државата на 30 илјади евра.

Имено, на 26.07.2024 година на граничниот премин Богородица, во вечерните часови за влез во државата се пријавило патничко мотороно возило со странски регистарски таблички во кое патувале двајца странски државјани. На прашање на царинскиот службеник дали имаат да пријават нешто за царинска контрола одговориле дека немаат ништо за пријавување и дека одат во казино во Гвегелија. Но, при контрола на возилото, во патна торба на задното седиште,покрај личните работи на патниците пронајдени биле непријавени 5о илјади евра за кои немале никаков документ за потекло, соопшти Царинската управа.

Согласно законот за девизно работење,на патниците им се вратени по 10 илјади евра, износ за кој немаат обврска да го пријават, додека останатите 30 илјади се задржани.

За направениот прекршок, Царинската управа поднесе соодветна прекршочна пријава.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК