Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

МИНАТАТА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ СЕ 202 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 202 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 22.07. до 28.07.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 103 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 99 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Можеби ќе ве интересира

Изминатата седница санкционирани 123 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

ДЕСК

Зоолошката градина во Скопје ќе стане водечки центар за едукација, заштита на природата и хуман третман на животните

ДЕСК

СВР Охрид во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници ги интензивира превентивните активности насочени пред се кон младата полулација

ДЕСК