Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

Фајненс тинк изразува загриженост за зголемување на дефицитот

Загриженост во анализата на
Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк, за ребалансот на буџетот.

,,Проширувањето на буџетскиот дефицит е целосно застранување од патеката на фискална консолидација”-пишува, во анализата.

Политичките ветувања во периодот пред изборите што се одржаа порано годинава, навестуваа дека за нивното остварување е потребно Значителното проширување на фискалниот простор, што сега се огледува во 44% – но зголемување на буџетскиот дефицит е очекувано со оглед на предизборните ветувања, како што е пример линеарно зголемување на пензиите од 2.500 денари во септември 2024, односно вкупно 5.000 денари заклучно со март 2025.

,,Со линеарното септемвриско усогласување, трошокот за пензии е скоро двојно поголем од редовното усогласување на пензиите со трошоците на живот и просечната плата, и тоа го притиска новопроектираниот продлабочен дефицит”-пишува во анализата.

Во анализата се укажува дека
со предвидениот ребаланс, развојната компонента на буџетот не само што не се зајакнува, туку таа и дополнително ослабува. 

,,Во оваа насока, потребна е структурна промена во буџетирањето и во политиките на владата во претстојниот среднорочен период”-пишува во анализата.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК