Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Патот Ранковце – Крива Паланка е 90% готов, ќе беше 100% да не блокираше ВМРО-ДПМНЕ во Собрание

Соопштение на СДСМ:

Смешна е промоцијата на Александар Николоски на патот Крива Паланка – Ранковце за кој најавува дека ќе бил готов до Нова година. Овој пат е одамна 90% готов и единствена причина зошто не е завршен е блокадата на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски и другарите решија за свои политички потреби до пред неколку месеци да го блокираат грантот во Собрание со кој требаше да се заврши делницата. Целта е јасна, да не се заврши делница, а граѓаните да треба да чекаат за ВМРО-ДПМНЕ да може да тера кампања.

ВМРО-ДПМНЕ секој ден оди и промовира проекти на СДСМ прикажувајќи ги како свои а граѓаните се потсмеваат на социјалните мрежи. И препорачуваме да се фатат за работа наместо да фрлаат лопати на чешми и да промовираат проекти на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК