Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претседателот на Владата Мицкоски одржа средба со претседателот на фондација „Мармара”, Република Турција, Акан Сувер

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски придружуван од дел од министрите се сретна со претседателот на фондација „Мармара”, Република Турција, Акан Сувер со својот тим.

На средбата, премиерот Мицкоски се заблагодари на гостите за интересот и континуираната соработка од нивна страна со нашата држава, ги претстави можностите за инвестирање во нашата земја и одличните можности на Владата кои ги нуди во тој дел за потенцијалните странски инвеститори.

Претседателот на Фондацијата, Суфер му ја честиташе големата победа на претседателот на Владата Мицкоски и рече дека оваа Влада има одлична економска програма која е привлечна за секој инвеститор кој би сакала да го инвестира својот капитал во земјава.

Претседателот на фондацијата „Мармара” му ја врачи на премиерот лично поканата за овогодинешниот Глобален Евроазиски економски Самит кој веќе 30-тина години се одржува во Истанбул.

Преку овој форум, македонската економија и македонските компании имаат ширум отворена врата за соработка во целиот евроазиски простор. Тоа е и врската меѓу двете држави.

фото Влада

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК

Левица: Македонија не смее да биде пасивен набљудувач за сопствената иднина – Муцунски и Мицкоски да се огласат по редлогот на Мерц

ДЕСК

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови

ДЕСК