Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Температурата денес до 40 степени, попладне пороен дожд и грмежи во северните и источните делови

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне особено во северните и источните делови од земјата ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе биде девет.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотрајна нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне 39 степени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Митева до Каранфилова Пановска: Ширите лажни вести и хистерија во врска со Алта Банка за ова треба да одговарате

ДЕСК

АМСМ СО УТРИНСКИ ИЗВЕШТАЈ – Влажни коловози, без подолги задржувања на границите

ДЕСК

НАД 467 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ПОРОДИЛНО ВО ОКТОМВРИ – ФЗО ги објави исплатите за последните четири месеци

ДЕСК