Centar.mk
БИЗНИС

Претседателката на Европската банка за обнова и развој утре доаѓа во втора посета на земјава

Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил РеноБасо ќе дојде во дводневна посета на земјава. Ова ќе биде нејзината втора посета откога е на функцијата. Првата ја направи во мај 2022 година.

„Со задоволство ја очекувам втората посета на Северна Македонија по втор пат. Северна Македонија е значајна инвестициска дестинација за нас, каде ЕБОР има водечка сума на инвестиции“ рече претседателката Рено – Басо.

За време на посетата Претседателката на ЕБОР ќе се сретне со Владини претставници, клиенти, претставници од бизнис секторот и претставници од граѓанскиот сектор.

ЕБОР е главна институција во земјава во однос на инвестициите во земјата. До денес, Банката има инвестирано 2,9 милијарди евра во 190 проекти во целата земја./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски со убава вест за граѓаните: Дизелот би можел да поевтини од 6 до 6,5 денари уште во понеделник

ДЕСК

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните шест недели по најавите за продолжено примирје меѓу САД и Иран

C +

Купувачот вели скапо, земјоделецот вели не се исплати: Кој ја кажува вистината?

ДЕСК