14. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Украина не мора со сила да ги врати сите територии, моќта на дипломатијата може да помогне

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина не мора со сила да ги врати сите изгубени територии, туку дека моќта на дипломатијата може да помогне, додавајќи дека меѓународната заедница треба да изврши притисок врз Русија да преговара за мир.

„Мислам дека моќта на дипломатијата може да помогне. Со притисок врз Русија, мислам дека е можно да се постигне дипломатско решение“, рече Зеленски во интервју за Би-Би-Си.

Тој посочи дека смета оти Русија треба да присуствува на вториот самит за мир во Украина во ноември, откако официјални лица од Москва не беа присутни на самитот во Швајцарија што се одржа во јуни./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Експлозија во кафуле во Мадрид, 14 повредени

C +

Ќе ја браниме секоја педа од НАТО – САД по инцидентот со руските дронови во Полска

C +

Повеќе од половина Полјаци не би ја бранеле државата во случај на војна

C +