Centar.mk
ЛОКАЛНО

Дојде струја во Аеродром и Ново Лисиче

По повеќе од 15 часа, дојде струја во населбите Аеродром и Ново Лисиче.

Цела ноќ екипите на „ЕВН Македонија“ го санираа дефектот што настана по вчерашното краткотрајно невреме. Како што соопштија од компанијата, станува збор за комплициран дефект, кој бара повеќе работа.

Причината за прекинот во снабдувањето со електрична енергија биле два 110-киловолтни далновода, кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“.

Краткотрајното невреме што синоќа зафати делови од главниот град предизвика повеќе штети, паднати дрвја, оштетени автомобили, покриви, поплавени домови./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК