Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Патувањето на синот на Мицкоски не ја чини ништо државата, тој не е дел од делегација, СДС падна ниско штом меша деца

СДС се спушти на многу ниски гранки чим си дозволи брутално да ги меша децата и најблиското семејство на премиерот Христијан Мицкоски, преку соопштение реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Не е малку што со години е предмет на најцрната кампања од СДС, за да сега Петровска која доживеа изборен дебакл го вмешува синот на Мицкоски. Тоа значи дека го пробија дното“, стои во соопштението.

Од ВМРО – ДПМНЕ објаснуваат дека синот на Мицкоски не е дел од официјалната делегација во НАТО самитот.

„Иако претседателот Мицкоски има право на придружен член на делегација, патувањето на неговиот син државата не ја чини ништо, односно сите трошоци се подмирени приватно од семејството на Мицокски. За разлика од времето кога премиерот на СДС Ковачевски ги донесе децата како членови на официјална делегација. Ако делегацијата сакала да сокрие нешто сигурно немаше да има фотографии од истата. Напротив се е транспарентно“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

На патувањето од ВМРО – ДПМНЕ наведуваат дека премиерот Мицкоски имал повеќе 20 средби со лидери на држави членки на НАТО, имал средба со врвот на НАТО, достоинствено ги претставил македонските интереси, и донел 2 крупни инвестициски одлуки.

Реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по објавата на пратеничката Славјанка Петровска во која таа го обвини премиерот Мицкоски дека на првото официјално владино патување си го зел синот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза, доаѓа промена на времето – Детална прогноза за 2-ри март 2026

ДЕСК

Филипче: Со Мицкоски, има драматичен пад на странските инвестиции за 729 милиони евра!

C +

Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

C +