24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Победа на екстремната десница, голем пораз за Макрон, левицата итно подготвува нов план

Екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен победи во првиот круг од француските парламентарни избори, покажаа излезните анкети, но непредвидливиот конечен резултат ќе зависи од изборните сојузи што ќе се формираат пред вториот круг од следната недела.

Партијата на Ле Пен освои околу 34 отсто од гласовите, според излезните анкети.

Тоа е резултат што ја става партијата пред левичарските и центристичките ривали, вклучително и сојузот Заедно на претседателот Емануел Макрон, чиј блок освои 20,5-23 проценти. Анкетите предвидуваа дека Новиот народен фронт, набрзина собрана левичарска коалиција, ќе освои околу 29 отсто од гласовите, како што покажуваат излезните анкети.

Од резултатите од гласањето, кои беа постигнати со голема излезност, а кои се во согласност со анкетите пред изборите, тешко е да се предвиди дали антиимигрантскиот, евроскептичен национален собир ќе успее да формира влада со проевропскиот Макрон.

Во повеќето изборни единици победникот ќе се знае дури по вториот круг на 7 јули. Макрон останува претседател. Во Собранието влегуваат кандидатите кои ќе освојат апсолутно мнозинство во првиот круг, но во повеќето изборни единици победникот ќе се знае дури по вториот круг на 7 јули.

Марин Ле Пен важи за сериозен противник на следните претседателски избори./Извор:Makfax