Centar.mk
РЕГИОН

Пронајдени три тела во Сараево – постариот ги убил помалиот брат и снаата, па фрлил бомба

Телата на три лица се пронајдени во приватна куќа во Сараево по интервенција на пожарникарите кои пристигнале таму поради пожар, а станува збор за смртни случаи поврзани со семејна расправија.

Пожарникарите интервенирале во четвртокот вечерта по дојава за експлозија и пожар во куќа во населбата Широкача, во стариот дел на градот и таму ги пронашле телата на двајца мажи и една жена.

„Можеме да потврдиме дека во куќата се пронајдени три тела“, рече Азра Бавчиќ, портпарол на жупаниското обвинителство во Сараево.

Според информациите со кои располагаат во петокот наутро, а ги пренесоа тамошните медиуми, оваа трагедија е резултат на пресметка на двајца браќа, по меѓусебните конфликти кои траеле со месеци, на што посведочиле и соседите.

Претпоставките се дека постариот брат ги убил помалиот брат и неговата сопруга во четвртокот вечерта, а потоа ја запалил куќата.

„Алмир Чесир дојде со пиштол и прво испука пет-шест куршуми за да ги исплаши. Првин ја рани во нога жената. Потоа фрли бомба и се’ запали. Соседите веднаш ја повикале полицијата поради пукањето“, изјави чичкото Касим Чесир

Телата кои беа пронајдени по гаснењето на пожарот се целосно изгорени. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на оваа трагедија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +