Centar.mk
СВЕТ

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Украина доби 1,9 милијарди евра безусловна финансиска помош од ЕУ, што придонесува за одржување на макроекономската стабилност и финансирање на приоритетните буџетски потреби, соопшти украинското Министерство за финансии.

„Државниот буџет на Украина доби транша од безусловно финансирање во износ од 1,9 милијарди евра од Европската унија. Средствата беа обезбедени од финансиски инструменти на ЕУ од фондот за Украина“, се наведува во извештајот, а пренесува украинскиот медиум УНН.

Беше најавено и дека Украина ќе ги добива следните транши на квартална основа, под услов да се исполнат индикаторите дефинирани во планот за Украина./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Кос: На крајот од 2026 година, ЕУ нема да биде поголема, но ќе биде поблиску до проширување

C +

Шефот на НАТО: Можеме да го запреме Путин само ако ги исполниме овие два услови

C +

Марта Кос: Украина е приоритетен кандидат за членство во ЕУ

C +