Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Забрчанец: Гледам идни ризици по европскиот пат на државата

Коментирајќи ја изборната кампања и однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Слободен Печат, екс националниот координатор во Владата, Марјан Забрчанец, истакна дека играњето на база на негативни комуникации и конфликт буди чувства кај публиките, дека тоа е некогаш храна за народот, односно оној дел кој е десно ориентиран, но тоа е неодговорно однесување кон државата.

Запрашан за тоа што очекува од работата на новата Влада, Забрчанец истакна дека тој гледа ризици во неколку клучни сегменти.

„Јас гледам ризици, ризици по европскиот пат на државата, гледам ризици по однос на слободите и правата и демократизацијата на државата и гледам ризици по однос на можни нови поделби и по етнички и по други линии. Тоа се политики што се својствени за партијата што е главна во новата власт и оттука, граѓанството треба да е будно кога се работи за тие прашања“ заклучи Забрчанец.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Значителна промена на времето, подгответе се за дожд, а деновиве и снег

ДЕСК

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК