Во парк во Добој сњиноќа околу 20 часот пукнала вртелешка, а во таа прилика биле повредени деца, пишува „Независне“. „Зум ТВ Добој“ јавува дека четири деца се повредени и дека родителите ги однеле на раце во блискиот Здравствен дом.
Екипите на итната помош пристигнале на терен за неколку минути по инцидентот со рингишпилот, но родителите веќе ги однеле децата. „Нова.рс“ јавува дека од итната помош во Добој велат дека ниту едно дете не е во животна опасност.
Покрај родителите, повредените деца од под рингишпилот ги извлекувале и полициските службеници. Тие според написите со раце ја кренале конструкцијата на рингишпилот извлекувајќи ги децата.
Тамошните медиуми јавуваат дека сцените биле потресни додека децата плачелел и ги повикувале своите родители.
Полицијата во Добој соопшти дека го уапсила Б.Ј. а се работи за лицето кое управувало со вртелешката која се преврте во паркот кога беа повредени неколку малолетници.
Од СВ Добој соопштено е дека синоќа е лишено од слобода лицето Б.Ј., поради сомнение дека сторило кривично дело предизвикување јавна опасност.
Б.Ј. ќе биде предаден денеска во надлежност на Окружното јавно обвинителство Добој, заедно со пријава за сторено кривично дело.
Истрагата, која ја води дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Добој, ќе продолжи денеска, во присуство на вештаци.
Полицијата соопшти дека две малолетни лица се задржани на лекување во болницата „Свети Апостол Лука“ во Добој, додека едно малолетно лице се здобило со полесни повреди и е пуштено на домашно лекување./Извор:Makfax