Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

САНКЦИОНИРАНИ 153 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 153 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 17.06. до 23.06.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 75 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 78 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

Секојдневно се спроведува рачно и машинско чистење на најфреквентните јавни површини, велат од ЈП Комунална хигиена

C +

Советниците од Левица во скопските општини поднесоа иницијативи за меѓуопштинска соработка со Град Скопје за рушење на дивоградби

ДЕСК

Изминатата седмица санкционирани 104 непрописно паркирани возила на теротиријата на Општина Центар

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.