32.8 C
Скопје
13. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Екипажот на товарен брод во грчка сопственост полесно повреден од напад на Хути во Црвеното Море

Екипажот на товарен брод, кој пловел под знамето на Либерија и е во сопственост на Грција, полесно е повреден во напад со дрон на јеменските бунтовници Хути во Црвеното Море, соопшти Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ).

Во соопштението се наведува дека нападот се случил во неделата и дека е оштетен товарниот брод M/V Trans world navigator, кој продолжил да плови.

Бродот неодамна се закотви во Малезија и беше на пат за Египет./Извор:Makfax